Search

Гувернерот на Њујорк бара од Трамп да признае дека ја негирал сериозноста на коронавирусот

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за „негирање научни факти” за време на пандемијата на коронавирусот и побара од него да признае дека вирусот претставува закана.

Куомо рече дека првото нешто што Трамп треба да го направи е „всушност да ја каже вистината”, пренесува Си-Ен-Ен.

– Признајте дека не сте во право. Тоа не е признание. Сите знаат дека не бевте во право. Тоа не ве чини ништо. Барем имајте храброст да го признаете тоа што сите веќе го знаат. Вие не бевте во право, рече Куомо.

Тој исто така го повика претседателот Трамп да почне да носи маска, порачувајќи: „Ако сакате да направите еден лесен чекор што ќе испрати силна порака, ставете маска”.

Куомо го критикуваше „недостигот на лидерство на Трамп за време на пандемијата”, истакнувајќи дека претседателот ја игнорирал сериозноста на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави