Search

Гувернерот на Рио порача: Наркодилерите се терористи, убивајте ги со снајпери

Ултрадесничарскиот гувернер од Рио де Жанеиро, Вилсон Викел, ги спореди дилерите на дрога со терористи и на полицајците им порача да ги убиваат со снајпери од хеликоптери во лет.

Викел, според Ројтерс, станал гувернер благодарение на неговата остра реторика и сојузот со претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.

Запрашан дали верува дека еден ден ќе стане претседател, Викел веднаш одговорил дека не се ни сомнева во тоа, иако не прецизирал кога ќе се кандидира.

Во Рио де Жанеиро има намалување на стапката на убиства откако Викел дојде на позицијата гувернер на 1 јануари.

Според Ројтерс, на територијата на градот се забележани 25 отсто помалку убиства во споредба со истиот период минатата година.

Сепак, агенцијата вели дека има зголемување на бројот на случаи во кои полицијата користела смртоносна сила, и тоа речиси за една петина.

Критичарите на Викел велат дека со неговата реторика тој и дава на полицијата дозвола да убива.

„Никој не сака да ги убие бандитите. Сакаме да ги уапсиме. Сепак, тие мора да знаат дека ние во ова влегуваме сурово. Кога ќе засвират сирените, или нека се предадат или нека умрат“, вели Викел.

Треба да знаете
Последни објави