Search

Гувернерот на Бејрут: Штетата од експлозијата би можела да достигне 15 милијарди долари

Либанската држава и централната банка имаат ограничени финансиски можности за да можат без странска финансиска помош да се справат со ефектот на експлозијата во пристанишните складишта во Бејрут, која и нанесе огромна штета на Бејрут, рече министерот за економија.

„Способностите на државата се многу ограничени, а таква е ситуацијата и со централната банка и другите банки. Не пливаме во долари“, изјави Раул Нехме за „Скај њуз Арабија“. Тој рече дека многу земји најавуваат помош и дека штетите од експлозијата изнесуваат милијарди долари.

Според него, соработката со Меѓународниот монетарен фонд е единствениот излез од сегашната состојба за Либан, кој веќе се бореше со падот на доларот и финансискиот пад дури и пред експлозијата.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, изјави за телевизијата „Ал Хадат“ дека вкупната штета од експлозијата може да достигне 15 милијарди долари, вклучувајќи ги и загубите во деловните активности кои ќе следуваат во сегашната состојба.

Работата на пристаништето во Бејрут е целосно парализирана, а тоа е главната рута на Либан за увоз на храна потребна за нацијата од 6 милиони луѓе, додека бродовите се принудени да се укотват во помалите пристаништа.

Светската банка објави дека ќе работи со либанските партнери за зајакнување на јавното и приватното финансирање за реконструкција и закрепнување. Но, засега не е јасно каков ефект ќе има ова врз тешките преговори на земјата со Меѓународниот монетарен фонд.

Треба да знаете
Последни објави