Search

Гувернерката на Мичиген изјави дека Трамп провоцира домашен тероризам 

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер, изјави дека на своите предизборни митинзи претседателот на САД, Доналд Трамп, ги подгрева страстите на екстремистите да вршат злосторства, како неодамна спречениот обид за нејзино киднапирање и убиство.  

Таа ова го кажа синоќа во настап на телевизјата Ен-Би-Си.  

Пред десет дена, американските власти приведоа најмалку 14 лица обвинети за организација на грабнувањето на Витмер и други официјални лица. Според она што се пишуваше во медиумите, злосторниците, составени од две екстремистички групи, биле назадоволни од воведените мерки против ширење на коронавирусот во Мичиген. 

Гувернерката изрази загриженост за тоа што Трамп, и десет дена после откривањето на заговорот со цел нејзино киднапирање, се уште поттикнува такво расположение во земјата. 

Треба да знаете
Последни објави