Search

Гуаидо: Мадуро е кукавица, го уапси мојот вујко

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо го нарече венецуелскиот претседател Николас Мадуро кукавица, затоа што неговиот вујко, кого го нема од вторникот, наводно бил уапсен по враќањето на Гуаидо од меѓународна турнеја, на која бараше поддршка од странски лидери.

Хуан Хозе Маркез, кој беше со Гуаидо на аеродромот по враќањето во Венецуела нормално ја поминал аеродромската контрола, но наводно бил задржан поради преглед, соопшти прес-службата на Гуаидо на Твитер.

Гуаидо на аеродромот го чекаа и поддржувачи и ривали на Николас Мадуро, и дошло до туркање и тензии.

– Тој задржа член на моето семејство, кукавички диктатор. Бидејќи Мадуро е кукавица која не покажува лице и кој не се осмелува да доаѓа на јавниот плоштад без обезбедување, тој го напаѓа моето семејство, рече Гуаидо пред новинарите на плоштадот пред Националното собрание.

Сопругата на Маркез, Ромина Ботаро, која дојде на плоштадот заедно со Гуаидо, изјави дека нејзиниот сопруг сакал да биде со неговиот внук кога се вратил од странство и дека семејството не знае каде е.

По враќањето во Венецуела, Гуаидо исто така рече дека ќе продолжи притисокот против Владата на Мадуро затоа што „земјата крвари и мора да се спаси”.

Треба да знаете
Последни објави