Search

Грчко МНР: Грција ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права

Грција нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права, соопшти грчкото  Министерство за надворешни работи и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности, кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот”, јави дописничката на МИА од Атина.

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по, како што велат, „новата нелегална турска „Навтекс” (Navtex) за нелегални активности во грчкиот континентален гребен”.

Во соопштението се додава дека тоа, во комбинација со пошироката раздвижност на единици од турската воена морнарица „претставува сериозна ескалација” и ја покажува „дестабилзирачката улога на Турција”.

Од Министерството за надворешни работи на Грција посочуваат дека Турција го напушта дијалогот уште пред да започне „повикувајќи се на целосно легалниот договор за Ексклузивната економска зона на Грција со Египет и се впушта во практики од минатите векови”.

Треба да знаете
Последни објави