Search

Грчкото МНР го осуди оштетувањето на грчкото знаме на Кастелоризо, очекува осуда и од Турција

Со фрлена црвена боја, вчера беше оштетено грчкото знаме исцртано на карпа на островот Кастелоризо, за што денеска со осуда реагираше Министерството за надворешни работи на Грција и изрази очекување тоа да го стори и Турција и да ги пронајде одговорните, јави дописничката на МИА од Атина.

-Категорично го осудуваме вчерашното оштетување на грчкото знаме на Кастелоризо. Таквите неприфатливи постапки целат кон спречување на изгледите за деескалација на тензиите меѓу двете земји. Очекуваме турските власти веднаш да го осудат и истражат инцидентот, за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Грчките медиуми, повикувајќи се на турските медиуми, објавија дека Турци, со помош на дрон истуриле околу 100 килограми црвена боја врз грчкото знаме на Кастелоризо.

Треба да знаете
Последни објави