Search

Грчкото МНР го осуди нападот врз Амбасадата на САД во Атина

Нападот врз американската Амбасада не може да ги повреди силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и односи Грција- САД, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во за денешниот напад со боја врз американската амбасада во Атина од членови на анархистичката група „Рубикон”, јави дописничката на МИА од Атина.

– Го осудуваме фрлањето боја од членови на анархистичка група во дворот на Амбасадата на САД, што предизвика материјална штета. Ваквите активности не може да ги повредат силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и стратешкиот однос Грција – САД, што се зајакнува во особено клучен период за нашата земја и регионот, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека надлежните власти ги преземаат сите неопходни чекори за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Преку неговиот официјален Твитер профил реагираше и амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, кој го осуди „бесмислениот вандализам на амбасадата” и ѝ се заблагодари на грчката полиција за брзата реакција.

Треба да знаете
Последни објави