Search

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил случајот и побарал да го најдат полицаецот, објави „То вима”.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина, туку не се вратил ниту да го побара.

– Ве молам, ќе можете да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави овде чантата со службениот пиштол, да дојде да ја земе?, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата, пишува „То вима”, jави дописничката на МИА од Атина.

Весникот пишува дека ова е само уште еден од неколкуте случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период. Досега биле регистрирани три случаи на кражба на полициско оружје во три полициски станици.

Треба да знаете
Последни објави