Search

Грчки митрополит: Пожарите се Божја казна затоа што премиерот Ципрас е атеист!

„Атеистичкиот премиер го навлече Божјиот гнев. Грција ја упропастија пожари и полави“, напиша грчкиот митрополит на својот блог.

Најмалку 74 лица го загубија животот во големите пожари кои што избија недалеку од грчкиот главен град Атина, а многу луѓе се водат како исчезнати. Додека Грција се обидува да се избори со пеколните температури и огнената стихија, митрополитот Амвросије знае зошто се случуваат вакви катастрофи во нашиот јужен сосед.

Тој смета дека пожарите и поплавите кои што ја погодија Грција се Божји гнев затоа што премиерот на државата, Алексис Ципрас бил атеист.

„Атеистичкиот премиер го навлече Божјиот гнев. Грција ја упропастија пожари и полави“, напиша со големи букви грчкиот митрополит на својот блог и го нарече Ципрас лицемер, откако грчкиот премиер ја напушти Босна и Херцеговина и итно се врати во Грција.

„Атеистите на „Сириза“ се причината зошто не погоди голема катастрофа. Некои неверојатни природни непогоди ја зафатија нашата земја, уништувајќи го народот и домовите. За своите 80 години живот јас не сум видел ваква катастрофа“, порача грчкиот митрополит.

Цитирајќи го Новиот завет од Библијата, Амвросије напиша дека со оддалечувањето од Бога се појавуваат разни непогоди, од земјотреси и глад, до разни епидемии, криминал и пожари. Исто така, митрополитот му замерува на Алексис Ципрас затоа што не ги крстил своите деца и не се венчал со својата партнерка.

Од друга страна, поголемиот дел од грчките медиуми не ги примија добро ваквите изјави на грчкиот митрополит, потсетувајќи дека Грција беше погодена од големи пожари во 2007-ма година кога ниту Ципрас, ниту неговата партија не биле на власт.

Треба да знаете
Последни објави