Search

Грчките власти префрлија над 500 бегалци и мигранти од островите

Над 500 баратели на азил, денеска од грчките острови со траекти беа префрлени на пристаништето Пиреј кај Атина, а потоа со автобуси одвезени во еден нов камп во северниот дел на Грција.

Грчките власти продолжуваат со програмата за трансфер на мигранти и бегалци од преполните кампови на островите на копнениот дел од Грција, пренесе АП.

Со програмата опфатени се бегалци и мигранти од пет острови во источното Егејско Море, пренесе АП.

Треба да знаете
Последни објави