Search

Грчките власти не ја исклучуваат опцијата да воведат нов режим на строга изолација

Не е исклучен нов карантин во Грција во случај на нагло зголемување на бројот на заразени од коронавирус, изјави денеска за телевизијата Скај портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

Според него, властите не исклучуваат нов режим на строга изолација. – Не исклучуваме ништо кога ќе кажеме дека на едната страна од вагата го ставаме здравјето на населението и животот на луѓето, а од друга – економијата, рече Пецас.

– Јавното здравство е наша главна грижа и немаме дилема меѓу економијата и јавното здравство, тоа е псевдо-дилема, бидејќи кога се соочувате со здравствена криза, се соочувате и со последиците по економијата, рече портпаролот, одговарајќи на прашање за можно ново воведување на карантин.

– Загрижени сме поради неодамнешното нагло зголемување на бројот на заразени во странство. Во последните денови ја гледаме ситуацијата во Франција и Израел, два типични примери за нашиот регион, кои покажаа дека за два или три дена бројот на случаи многукратно се зголеми. Забележуваме бројни случаи во регионот Атика и во многу други региони на земјата, но секогаш сакаме да одиме пред кривата на податоците за нивото на инфекција, а не да ползиме по неа, рече Пецас.

Тој го објасни зголемувањето на бројот на заразени со ублажување на рестриктивните мерки по изолацијата, но рече дека владата се обидува да го избегне најлошото сценарио – нова строга изолација. -Ние ќе се потрудиме да го решиме овој проблем. Сè уште не сме достигнале ситуација кога е потребна присилна изолација на населението, но сите планови остануваат на маса. Не сакаме да дојдеме до ситуацијата во која се најде Франција со 10.000 заразени секој ден и Израел, кој го врати карантинот, рече Пецас.

Во Грција, бројот на заразени со коронавирус во последниот период се движи од 200 до речиси 400. Од крајот на јули се забележува постојан пораст на бројот на заразени. 

Треба да знаете
Последни објави