Search

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Куик во посета на Скопје

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за грчката дијаспора Теренс Николаос Куик денеска и утре престојува во работна посета на Република Северна Македонија, во рамки на која е предвидено да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На средбата со Димитров, како што информираат од МНР, предвидено е да бидат разменети мислења за развојот на односите и соработката меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа и последната посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас, на нашата држава.

Во рамките на посетата предвидено е заменик-министерот Куик да биде примен и од премиерот Зоран Заев, а треба да оствари средби и со министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, информираат од МНР.

Треба да знаете
Последни објави