Search

Грчкиот архиепископ Јероним: Се надевам дека Турција нема да се осмели Аја Софија да ја претвори во џамија

Архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, изрази надеж дека Турција нема да се осмели Аја Софија, која моментно е музеј, да ја претвори во џамија.

„Тие (Турците) ја играат играта што ја сакаат. Ова е уште една игра. Верувам дека нема да се осмелат”, изјави Јероним за грчката телевизија Mesogeios, пренесува грчкиот портал „Грик сити тајмс“.

Рускиот митрополит Иларион рече дека претворањето на Аја Софија во џамија е неприфатливо и го спореди со враќање во средниот век.

Минатата недела американскиот државен секретар Мајк Помпео побара од Турција да не го стори тоа и истакна дека статусот на Аја Софија како музеј треба да остане непроменет.

Ернесто Отоне Рамирез, помошник генерален директор за култура во УНЕСКО, исто така апелираше до Турција, изјавувајќи дека Конвенцијата за заштитата на светското културно наследство предвидува дека пред да се донесе каква било одлука за промена на статусот на спомениците на културното наследство, како што е Аја Софија, потребна е одлука на соодветна меѓувладина комисија на УНЕСКО.

Треба да знаете
Последни објави