Search

Грчката крајбрежна стража спаси 12 израелски туристи

Грчката крајбрежна стража денеска спасила 12 израелски туристи кои поради силен ветар останале заробени во кајаци меѓу два острови во источниот дел на Егејското Море.

Туристите побарале помош откако утрово тргнале од островот Кос на блискиот Нисирос, околу 20 километри јужно.

Тие биле евакуирани од три приватни бродови и биле вратени на Кос откако ги забележал екипаж на спасувачки хеликоптер, соопшти крајбрежната стража.

Треба да знаете
Последни објави