Search

Грчката Влада достави амандман за да спречи учество на изборите на партии поврзани со Златна зора

 Со цел да се спречи учество на претстојните избори во Грција на партии кои произлегуваат од неонацистичката Златна зора, осудена за криминална организација, грчката Влада достави конкретен амандман, објавија медиумите.

Според истите информации, со амандманот се очекува да се блокира учеството на партијата на поранешниот пратеник од Златна Зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна.

Најавите се дека амандманот ќе биде ставен на гласање следната седмица и се очекува да добие поддршка и од опозициските партии.

Треба да знаете
Последни објави