Search

Грчката армија поставува шатори пред болницата во Солун за прием на пациенти

Грчката армија почна со поставување на шатори пред воената болница во Солун, градот кој беше најмногу погоден во таа земја во вториот бран на епидемијата на коронавирус, јавува агенцијата Франс прес.

Во шаторите ќе може да се сместат околу 50 болнички кревети, објави Генералштабот на грчката армија.

Покрај тоа, две приватни клиники примаат пациенти заразени со коронавирус во Солун, град со околу милион жители.

Грчката опозиција ги обвини властите дека не го зголемиле доволно бројот на болнички персонал во последните месеци и дека не презеле мерки против епидемијата на коронавирус во преполниот јавен превоз.

Премиерот Кирјакос Мицотакис призна дека го потценил опсегот на вториот бран на епидемијата, особено во Солун, каде што претходно требало да бидат преземени соодветни мерки.

Бројот на заразени и мртви од почетокот на ноември започна да расте во Грција, каде е на сила карантин од 7 ноември.

Во таа земја, од почетокот на епидемијата починале 1.630 лица, а 91,619 се заразени.

Треба да знаете
Последни објави