Search

Грчева: Уценетите „бизнисмени“ да не се прикажуваат како жртви, а украдените пари да се вратат во буџетот

Најновата мега афера со рекет во кој се вклучени медиумски тајкуни, јавни личности, пратеници од владејачкото мнозинство, а постојат индиции дека СЈО е институцијата која ги давала материјалите за остварување на сопствена корист, е дефинитивно дното кое го достигна оваа власт. Никакви одбрани од новинари блиски до власта, кои сега Заев го прават борец против корупцијата, веќе не фаќаат корен. Јавноста едноставно е свесна дека корупцијата е длабоко навлезена во највисоките ешалони на власта, порача Солза Грчева.

„Ваквото СЈО, на чие чело до вчера беше Катица Јанева, за која постојат сомневања дека е директен учесник во рекетот на ‘бизнисмени’, е сосема компромитирано и како такво не смее повеќе да фрла прашина дека работи на исправање на неправдата. Тоа обвинителство се зафаќаше со неважни предмети, делеше притвори од ракав и со леснотија ги укинуваше на одбрани луѓе. Впрочем, тоа е истото обвинителство кое молчеше кога пред очите им се случуваше непотизам во самата институција. Се вработуваа внуци, пријатели, синови и ќерки на ‘наши луѓе’. Предметите и материјалите мораат да бидат веднаш предадени во редовното ЈО.

Предупредуваме, сега одеднаш и преку ноќ, уценетите ‘бизнисмени’ да не се прикажуваат како жртви. Да, тие биле жртви на рекет, но постапките против нивните незаконски активности мораат да продолжат. Украдените пари, ако тоа се докаже, мораат да завршат во буџетот“, истакна Грчева.

Глас за Македонија бара итно воспоставување на правна држава, а сите инволвирани во овој случај неселективно да завршат со судски пресуди. За ваква мега афера, додаде Грчева, најсоодветно е целата Влада да си даде оставка и да се распишат итно предвремени парламентарни избори.

За ова што сега им се случува, не постојат олеснителни околности. Точно поради овој висок тип корупција, ЕУ нема да ни додели датум за преговори. Од Европска Македонија, остана само Искрадена Македонија!, оценува Грчева.

Треба да знаете
Последни објави