Search

Грчева: Дескоска со изјавата врши притисок врз огромен број на граѓани кои не сакаат да гласаат

Неодговорната изјава на министерката за правда Рената Десковска, има за цел да им изврши притисок на огромниот број на граѓани кои немаат намера да излезат на овие избори, каде понудата доаѓа од партиите кои не обесчестија пред целата јавност, менувајќи го името на државата и атрибутите на македонскиот народ, реагира Солза Грчева, во име на нејзината партија „Глас за Македонија“.

Партијата смета дека изјавата е крајно недолично и несериозно однесување во период на веќе актуелен предизборен процес.

„Ова претставува насилство на правниот и политичкиот систем во државата, но и лична неодговорност на министерката за правда“, вели Грчева во соопштението.

Нејзината партија го осуди ставот и истакна дека очекува критика и неприфаќање на оваа намера и од другите политички субјекти.

Претходно, министерката за правда изјави дека ако не се постигне цензус за избор на претседател на претстојните избори, постојат две можности – шефот на државата да се избира непосредно од граѓаните без потребното мнозинство во вториот круг или да се избира во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави