Search

Грција ќе промовира нуркачки туризам

Нуркачкиот туризам и изградба на нуркачки паркови во Грција е една од првите иницијативи на новото раководство во грчкото министерство за туризам, како што денес објасни надлежниот министер Харис Теохарис на средбата со новинарите и странските дописници.

Министерот за туризам на Грција и неговиот заменик, говореа за приоритетите и иницијативите на министерството, за потребат од комплетен стратешки план за туризмот, за зголемување на бројот на туристи во земјата, но и за “суштината зад едноставното читање на статистичките податоци” што се однесуваат на пристигнувањата во Грција, јави допсиничката на МИА од Атина.

Харис Теохарис рече дека и оваа година, според досегашните податоци се чини дека ќе има зголемување на туристите, споредбено со лани.

Нуркачкиот туризам и туристичкото образование се главните иницијативи кои ги споменаа министерот и неговиот заменик на средбата со новинарите.

Во однос на нуркачкиот туризам, Теохарис рече дека е прва и директна иницијатива што е веќе созреана и ќ се донесе закон што ќе дозволи изградба на нуркачки паркови во цела Грција. Според грчкиот министер, станува збор за важен дел од туризмот, активен во текот на целата година.

-Нашето мислење е дека треба да дозволиме да се направат што повеќе нуркачки парокови во земјата. Самиот нуркачки парк, не е толку профитабилен, самиот по себе, но онаму каде што ќе биде изграден ќе постои голема добивка за локалното население, рече министерот за туризам на Грција и додаде дека со отворањето на нуркачки паркови, ќе се развијат и нуркачки крстарења.

Заменикот министер за туризам на Грција, Манос Консолас, говореше за потребата за носење закон за студиите посветени на туризмот и хотелиерството, што всушност е и втората директна иницијатива на министерството.

Консолас исто така рече дека потребна е конкурентност, како во туристичкото образование, така и во грчиот туризам во целина.

Треба да знаете
Последни објави