Search

Грција ќе издаде 15-годишна обврзница

Агенцијата за управување со јавен долг на Грција ќе издаде 15-годишна обврзница, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од берзата.

Издавањето на обврзницата доаѓа по надградбата на рејтингот на Грција од агенцијата „Фич” во петокот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите Грција прв пат излегува на пазарот со обврзница што истекува по 2032 година кога истекуваат долгорочните мерки за олеснување на грчкиот долг.

Треба да знаете
Последни објави