Search

Грција ќе ги отвори своите граници и за Италијанците без тест и без карантин

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо на прес-конференцијата во Атина изјави дека добил уверување од неговиот грчки колега Никос Дендијас дека Грција ќе ги отвори своите граници за Италијанците и дека нема да има задолжителен карантин за нејзините туристи.

Ди Мајо го повтори ставот на Рим дека во ЕУ треба да има идентични и заеднички критериуми за слободно движење на луѓето со цел да се спречи фрагментацијата на туристичкиот пазар.

„Евентуалните билатерални договори меѓу земјите не се решение“, рече Ди Мајо.

Италијанската дипломатија е во дипломатска офанзива по завршувањето на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус и се обидува да обезбеди државите членки на ЕУ да ги отворат своите граници за Италијанците.

Според договорот од Брисел, земјите членки на ЕУ ќе ги отворат своите граници на 15 јуни, но некои земји, како што е Грција, решија да ги задржат границите затворени за Италијанците, бидејќи Италија беше епицентарот на коронавирусот и во некои провинции епидемиолошката состојба е сè уште незадоволителна.

Треба да знаете
Последни објави