Search

Грција со известување до Македонија за ратификацијата на договорот

Грција утре ќе испрати официјална дипломатска нота, за да ја информира Македонија за ратификацијата на Преспанскиот договор и протоколот за влез во НАТО, изјави алтернативниот грчки министер за надворешни работи, Јорго Катругалос, пренесе „Катимерини“.

Тоа значи дека, почнувајќи од следната недела, сите, вклучително и Македонија, мора да ја нарекуваат земјава Република Северна Македонија.

„Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено“, објаснува Катругалос.

Треба да знаете
Последни објави