Search

Грција се откажа, Македонија прифати да биде домаќин на 3. квалифиакциска група од СП-2011 за ракометарки

Македонија ќе биде домаќин на женскиот ракометен турнир од 3. квалификациска група за СП-2011, откако своето гостопримство го откажа Грција. Во третата квалификациска група за баражот од СП 2021 година покрај Македонија и Грција ќе играат и селекциите на Исланд и Литванија. Пласман во баражот ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од групата.

Со прифаќањето на РФМ да го организира квалифиакцискиот турнир се зголемуваат и шансите ракометарките да ја поминат групата и да обезбедат пласман во баражот за СП 2021. Натпреварите треба да се играат од 4. до 6. декември.

РФМ се уште не го одреди градот во кој ќе игра овој квалификациски турнир. Според распоредот на 4 декември првиот натпревар ракометарките на Македонија ќе играат против Исланд, а потоа во следните два дена ќе излезат на мегдан со Литванија и со Грција.

Треба да знаете
Последни објави