Search

Грција организира работен појадок за поддршка на ЕУ-перспективата за Северна Македонија и Албанија

Грција во понеделник организира работен појадок во Брисел со шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ и Северна Македонија и Албанија со порака за зајакнување на поддршката за нивниот европски пат.

„Работниот појадок што го организира Грција во понеделник е корисна можност за дијалог и зајакнување на европската перспектива за обете земји“, рече портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Александрос Гениматас.

Тој изјави дека досега 18 министри за надворешни работи на земјите од ЕУ го потврдиле нивното присуство.

Коментирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас на Скопје, Гениматас рече дека фокусот е ставен на билатералните односи, европската перспектива на Северна Македонија и теми поврзани со регионот.

Треба да знаете
Последни објави