Search

Грција и Србија постигнаа договор за признавање на возачките дозволи и осигурувањето

Грчките парламентарни oдбори ратификуваа два договори меѓу Грција и Србија во врска со реципрочно признавање на осигурувањето и возачките дозволи.

Двете страни истакнаа дека договорите ги поттикнуваат и продлабочуваат одличните историски односи меѓу двете земји, пренесе агенцијата „АНА“.

Првиот договор овозможува признавање на платеното осигурување во која било од двете земји, спречувајќи двојно плаќање на осигурувањето.

Вториот дозволува признавање на возачките дозволи на другата земја.

Треба да знаете
Последни објави