Search

Грција дозволи спортските натпревари од трибините да ги следат до 90 одсто гледачи од капацитетите

Националната комисија за јавно здравје на Грција, го прифатила предлогот на надлежното министерство за спорт за зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари во земјата, па така стадионите и спортските сали ќе бидат исполнети до 90 отсто од капацитетот.

Новите правила ќе стапат во сила в понеделник, а според најавите, исполнетоста ќе се зголеми од 80 на 90 отсто, односно до 40.000 гледачи наместо 25.000 колку што беше досега, за стадионите и на 12.000 гледачи за затворените сали, доколку постои можност за онлајн издавање билети.

Доколку не постои ваква можност, стадионите ќе бидат исполнети со 70 проценти од капацитетот и најмногу 15.000 гледачи, а затворените сали со најмногу 4.000 гледачи.

На спортските натпревари во Грција, дозволен е влез само за вакцинирани или за лица кои прележале Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави