Search

Група германски полицајци со дружба во ресторан ги прекршиле мерките против корона

Група на германски полицајци во Мајнц ги прекршила правилата за физичко растојание со вечера во ресторан, каде имало повеќе луѓе отколку што е дозволено со мерките за борба против ширењето на коронавирусот, објави синоќа германската полиција.

Според полициското соопштение, групата во мал број дошла во ресторанот во понеделникот навечер, но во текот на ноќта тој број се зголемил на над 40 лица, меѓу кои и полицајци кои не биле на должност.

Биле прекршени мерките за физичко растојание, а луѓето не носеле ниту заштитни маски. Според сојузните правила, меѓу луѓето мора да има растојание од најмалку 1,5 метри, а повеќето мора да носат заштитни маски што ги покриваат носот и устата.

„Ваквото однесување не е тривијален прекршок и повлекува последици“, се вели во соопштението на полицијата, во кое се наведува дека сторителите ќе бидат казнети и дека ќе бидат разгледани опции за дисциплински мерки.

„За раководството на полициските сили во Мајнц не е прифатливо што мала група полицајци го загрозува добриот углед на полицијата со вакво неприфатливо однесување“, се заклучува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави