Search

Групата БРИКС е отворена за нови земји-членки

Групата БРИКС од економии во развој, која ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка е отворена за членство на нови земји, смета рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, пренесува РТ.

„Русија е фокусирана на активности на платформата БРИКС +, што им овозможува на заинтересираните држави да најдат начини да соработуваат со членките на групата“, рече Рјабков, додавајќи: „Затоа е можно да се зборува за проширување на БРИКС како цел за иднината “

Групата која првично беше наречена БРИК е основана во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, пред Јужна Африка да се приклучи во 2010 година, додавајќи го „С“ на акронимот. Групата од пет држави претставува повеќе од 40 отсто од светското население.

Во согласност со напорите за зајакнување на трговијата, членките работат на интеграција на платните системи, зголемување на плаќањата во национални валути како и воспоставување на независен канал за размена на информации.

Претходно беше објавено дека државите на БРИКС се подготвени да создадат нов систем за заедничко плаќање наречен BRICS Pay кој ќе биде сличен на постојните услуги на Apple Pay и Samsung Pay.

Треба да знаете
Последни објави