Search

Грузија како една од двете непоразени селекции во Лигата на нации ќе гостува во Скопје

УЕФА ја формираше фудбалската Лига на нации, како замена за пријателските мечеви. Новоформираното натпреварување стартуваше во есента 2018 година. Од тогаш според статистичките податоци само две селекции немаат загубено натпревар. Тоа се Грузија и Португалија.

Овој податок пред утрешниот дуел на Македонија во Скопје (20.45 ч.) со селекцијата на Грузија, против која на 12 ноември избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме ќе играат и во финалето од ланското издание во сегментот Д, кој на најуспешниот државен тим ќе му донесе и пласман на завршницата од ЕП-2020 е дополнителен мотив за „црвено-жолтите“. Оваа пресметка  е дерби за првото место во групата од втората сезона во Лигата на нации во Ц-сегментот.

Грузија во првото издание беше најдобра селекција според учинокот во Д-сегментот. Во групата со Летонија, Казахстан и Андора, оствари пет победи и реми и обезбеди полуфинале, кое го мина со триумф пред неполна недела против Белорусија (1-0). Во шесте меча од групната фаза, Грузијците по двапати ја победија Летонија (1-0, 3-0) и Казахстан (2-0, 2-1), а кикснаа само со Андора во еден меч (3-0, 1-1). Со баражот, од првата сезона имаат скор шест победи и реми во седум меча.

Во новата сезона, во групата каде игра со Македонија, Ерменија и Естонија, Грузија има победа и два нерешени исходи. Ист скор има и Македонија. Победија во Естонија со 1-0, а ремизираа дома со Македонија во септември (1-1) и завчера против Ерменија (2-2). Вкупно во десет одиграни натпреаври во Лигата на нации,  Грузија има седум победи и три нерешени исходи.

Покрај Грузија и европскиот првак и прв победник во Лигата на нации, Португалија ја нема почувствувано горчината од поразот.

Треба да знаете
Последни објави