Search

Груевски: Честитки за ЕУ и НАТО, одамна заслужувавме – ќе помогне многу во иднина

Поранешниот премиер Никола Груевски кој сега е азилант во Будимпешта се јави на Фејсбук со порака и честитки за влегувањето на Македонија во НАТО, како и постигнатиот успех во преговорите со Европската унија.

„Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото“, напиша Груевски на Фејсбук.

Груевски додава дека за жал овие вести дојдоа во време кога не може да се радуваме, но се надева дека се ова ќе помине.

https://www.facebook.com/notes/nikola-gruevski/%D0%BF%D0%BE-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-/10157210815724226/

Треба да знаете
Последни објави