Search

Груевски утре нема да се појави во судот, доставувачите пак ќе го бараат дома

Поранешниот премер, Никола Груевски утре нема да се појави во судот, барем не на најавеното судење за случајот „Титаник“, кое е презакажано за среда, па судските доставувачи пак ќе треба да го бараат да му го достават решението за да се јави во затворот Шутка.

Рочиштето, всушност не е презакажано, туку на последното судење бил одреден датумот 14.11, а забуна предизвикал датумот поставен на интернет страницата на СЈО, кои не ги ажурирале датумите.

Според најавите од Основен суд Скопје 1, ако утре не успеат да му го достават решението на Груевски, односно ако оценат дека тој намерно ги избегнува доставувачите, тогаш во вторник ќе биде побарано од МВР да го лоцира и уапси Груевски.

Останува можноста решението да му биде доставено и во среда на судењето за „Титаник“, каде исто така има обврска да се појавува па ако и тогаш не се појави да се активира потерница по него.
Како што е познато на јавноста, судските дотавувачи три пати го барале Груевски на домашната адреса но не го нашле дома.

Груевски за набавката на луксузниот мерцедес во МВР доби двегодишна затворска казна за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот „Тенк“ воден од СЈО. Собраниската комисија предложи да му се одземе мандатот, но за тој предлог не гласаа 80 колеги, а Груевски остана пратеник.

Треба да знаете
Последни објави