Search

Груевски: Продолжува политичката хајка против мене и против други кои ги прогонуваат за да изнудат изјави против мене

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сега политички азилант во Унгарија, се огласи на Фејсбук по повод денешните информации од ОЈО дека со испрани пари, донација на партијата над 11,3 милиони евра, си ги присвоил за себе и купил плацеви на Водно.

-Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било какви изјави против мене. Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта.
Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици, рече Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158866847527716?__xts__%5B0%5D=68.ARBSY6PGUfMi4OaB4Wa7HcZ43AGmn3gcmgnSPwRLub_nepCdMOiaSnKFmuGne4le9SIkd-VCupMHpZyNXzDq2lyGbczfMOYCrvRRzy_FR-Qbee314wG3KwzBExzpWkrvc5NP3V-gA-DuDxrxpwZE6cpBq-mRhxN0LUngapJCJ6JqS4eK4ZfZcPxBMagLHg4gkDNGHQ-Dw0TMpRlQuywwiKOtaWx4xhEPgQDi_2BrgiDUu25BxodOMedUziOFd_EsFgbcWQd0dLkMeWmXV47dFGscrcbfJOlwmPdCwpj9Lf3uPrVTVIrcwJKmJYz7sHY1v-LVrtP3IyEofA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави