Search

Груевски пред суд ги избегна новинарите и не даде никаква изјава

Груевски ги избегна новинарите и не даде никаква изјава

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во предметот Титаник на СЈО, утринава на влезот од Кривичниот суд пристигна на рочиштето, но разговарајќи на мобилен телефон и со брз чекор ги избегна новинарите и не даде никаква изјава.

Неговите адвокати денеска треба да се информираат кај кој судија е распределен предметот за извршување санкции, а кој има рок од 8 дена да изготви уаптен акт за извршување на казната затвор од две години, која му беше изречена за предметот  Тенк, односно набавката на Мерцедесот од 600-тини илјади евра.

Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави.

Треба да знаете
Последни објави