Search

Груевски не е во седиштето на ВМРО

Да кажеме дека ова што вечерва се случува е удар врз демократијата ќе биде траги-комично. Груевски не е во зградата на ВМРО. Не сум го видел 6-7 месеци, рече Игор Јанушев- портпарол на Партијата.

„Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели“, рече Јанушев додавајќи дека вечерашните полициски акции не се во прилог на смирување на политичките тензии во државата“, изјави Јанушев.

Генералниот секретар на опозициската партија порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни, демократски и неопходни средства за да застане, како што рече, на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата.

– Савот на партијата е дека вечерва е направен уште еден удар врза демократијата, удар врз партијата. Ја повикувам полицијата ако има налог да влезе и да види дали тука Груевски- вели Јанушев.  Според него Заев и неговата полиција покажувала сила.

– Ме претресуваа целосно и мене и мојот автомобил- вели Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави