Search

Груевски на Фејсбук: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук, за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на Основното јавно обвинителство, за настаните од 27 април.

Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.

Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.

Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.

Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.

Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.

За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.
Малку им е тоа.

Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.

Треба да знаете
Последни објави