Search

Груевски куртули од „Траекторија“, нема да му се суди за кинеските автопати

Кривичниот суд донесе решение и ја запре постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски, за случајот „Траекторија“, кој се однесува на изградба на кинеските автопатишта во земјава.Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.

Сега од државниот буџет Судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.

Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.

Груевски во Траекторија беше обвинет дека примал награда за пртотив-законско влијание. Инаку, судењето продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.

Треба да знаете
Последни објави