Search

Груевски за пресудата за „Шамарите“: Најголемото обвинување од сведоците беше дека гочуствувале мојот дух

Нема правда во Македонија. Неправдите растат секојдневно. Ги има многу и се повеќе а дел од нив е и политичкиот прогон кој не запре и оваа есен доби нова динамика, пишува азилантот Никола Груевски на Фејсбук по новата пресуда на Кривичниот суд со која доби 118 месеци завор за „Шамарите во Центар“.

-Власта на чело со Заев е во параноично-пародичен поход и обид да креира едно привидно чувство и престава дека правдата некого стасала. Тоа започна одкако претходно одбра една поголема група на луѓе за политички прогон, заради чија професионална, посветена и успешна работа, тој и неговата партија беа цели 11 години инфериорни и во опозиција, а дојдоа на власт со крајно нечесни методи. И заради чии чесен однос кон најважните национални прашања денес тој е доживеан како антипод на една праведна национална борба за името, идентитетот и историјата. Нивното време на владеење го потсетува и обелоденивњето на неговите методи на барање поткуп во градот каде беше градоначалник, што јавноста го виде. Во време кога нема вистински одговор на економските проблеми на граѓаните и во време кога повеќето фирми се изложени на рекет, сакајки да прикаже наводен успех пред јавноста и меѓународната заедница, тој е во поход таквите од него лично одбрани луѓе, насила да ги направи криминалци, да ги оцрни и затвори. Да се изживува и да ужива во честитките на лицемерната, интересџиска и сеирџиска околина, која не е свесен еден ден што ќе говори за него, всушност она што денес го мисли но не му го говори, пишува Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158820406157716?__cft__[0]=AZXSFC5EaxfKv4lO2QDOO-97zuGvFv2w4ipOJoaHnb0h6nm8RRfFKy0peUgQLwcv70gHVmuaS5HVBAvJULqI7_bsK0KjwZwu-BVE5LLXvj-HzF3gDx6hMKBhM_3_15e7NENBmyYzC14lhywMrKD4zLYa_a5Vk-jemFut-gZ7W9LrcUeC4DdqOuQG8Qhy5dccaU8&__tn__=%2CO%2CP-R

Треба да знаете
Последни објави