Search

Груевски за пописот: Три пати мери еднаш сечи

Поранешниот премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски се огласи на Фејсбук за пописот, кој според него, освен статистича важност има и политичка важност.

„Принципот на ,,четири очи,, ,највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростат и изреката ,,трипати мери еднаш сечи,, се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија.

Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист,, попис може да е успешен и признаен од сите.

Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат.
Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред се.

Заради уставните одредби кои произлегоа од охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157451143962716?__xts__%5B0%5D=68.ARCK2p1PIhmAFNfjrEXLCcDXBIaV73lEvXSBs_SeTO4_r4s5lIGZX88dtPu01vN4dRI67TJ6-f7AvLAtbcXEBGTBsOylILVmkX9vRFT6zQ87PuFWyifjh_FJjdgluurL3GpvJtaWfFc8BUOaeywDUm7S8QDo8lrt7ZhbY6-EQRsSbxYtSHR_qrJGUoyWoPLtIkOarnbItJuuf0jDmCq68UxgKwv3v2S2y3RfX-5M4U0uErQ1an002lVpQZbVgt_xVpxpyNgeJmJ1uJQpqaZDeCZbpg0qnT3pWKZeY01J8kjdC-XYqH8khiaQCVUq4MYVuFTJSsizARE6LR3fnQ&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави