Search

Груби: Не го условуваме донесувањето на законот, ќе дојде и Ахмети од Кичево

Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка за сите договорени закони, истакна претставникот на оваа политичка партија Артан Груби, кој нагласи дека од таму очекуваат законите да се усвојат и Собранието да се распушти најдоцна до недела.

-Демократската унија за интеграции не го условува донесувањето на законот за јавно обвинителство со ниту еден закон, со ниту една процедура, со ниту едно прашање, нека го стават на гласаат во следниот половина час, час ние сите ќе гласаме, ќе дојде и господинот Али Ахмети, изјави пратеникот на ДУИ.

На прашањето дали се гледаат во власт или опозиција во иднина, тој вели дека тие се и остануваат определувачки фактор, иако секоја партија има легитимно право да размислува за друго мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави