Search

Груби: Имаме усогласен текст за Изборниот законик, но нема промена на моделот

Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кој не се предвидува промена на изборниот модел.

-Вчерашната средба, беше неформална средба на ентузијасти. Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел, изјави  Груби.

Според него, апсурдно е да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

Треба да знаете
Последни објави