Search

Груби: Заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграцијата

Судбините на нашите народи во нашата земја се меѓусебно поврзани. Заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграцијата. Принципот на самоопределување на етничката припадност, на јазик и идентитет не може да се утврди со договори и со трактати, туку врз принципите на божествениот закон. Денес, минатото не смее да ја држи иднината во заложништво. Методите и вредностите на 19 век не можат да се вратат во употреба во 21 век.

Ова денеска во своето обраќање првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

Груби потсети на историјата, на значењето на албанскиот народ и на албанскиот јазик. – Овој народ е тој малиот албански народ, толку малку познат и толку црно суден во Европа, рече Груби, додаде дека тој денес е неоспорен автохтон во своите земји.

Вицепремиерот Груби посочи дека албанскиот народ зборува еден јазик кој, како што рече, не може да се поистовети со другите келтски, латински, германски, словенски или хеленски јазици, освен таму каде што се среќава со нив со обединети индогермански корени.

Мртов јазик, како што рече, не се наметнува на просперитетен народ.

-Јазикот се наметнува или со силата на оружјето или со силата на културата и цивилизацијата. Албанецот не бил посилен од народите околу него, затоа не може да се негира дека сите оние што зборуваат албански јазик се од албанска националност, рече Груби.

Груби, во име на Владата, на сите Албанци им го честита Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

Треба да знаете
Последни објави