Search

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на групата за пријателство со САД, Артан Груби, ќе престојува во Соединетите Американски Држави од денеска до 9 декември, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот.

На средбите ќе стане збор за евроатланските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владењето на правото.

Груби ќе присуствува и на 12. Парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот на кој ќе се расправа за сите видови на борба против тероризмот. Ова е втора посета на Груби во САД.

Треба да знаете
Последни објави