Search

Груби – Бјорнстад разговараа за развојот на тетовската слободна економска зона

Првиот вицепремиер и Министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците,
г-дин Артан Груби денеска во својот кабинет одржа работна средба со Специјалниот претставник на Министерството за Надворешни Работи на Кралството Норвешка за Западен Балкан, г-дин Арне Бјорнстад.

Груби му се заблагодари на господинот Бјорнстад за добрата соработка што земјата ја има со Кралството Норвешка и за поддршката што Република Северна Македонија ја добива од оваа пријателска земја во успешното спроведување на реформите и помошта во областа на бизнисот и економија.

Груби го извести високиот претставник на Министерството за Надворешни Работи на Кралството Норвешка, г-дин Арне Бјројнштад дека Владата на Република Северна Македонија има донесено афирмативна одлука за инвестицијата на норвешката фирма НОРМАК во слободната економска зона во Тетово.

Првиот вицепремиер Груби исто така го извести г-дин Бјорнстад дека сите формалности се веќе завршени од Владата и дека е потврдена инвестицијата на компанијата КИЕЛ во слободната економска зона во Тетово каде се очекува да бидат извршени над 300 работни места.

Бјорнстад и Груби разговараа и за актуелните политички настани во Република Северна Македонија, но и за настаните во регионот. Високиот претставник на норвешкото Министерство за надворешни работи исто така и рече на Групата дека Кралството Норвешка внимателно ги следи сите настани во земјата и ги изразува своите честитки за успешниот процес на реформи во клучните области на земјата.

Треба да знаете
Последни објави