Search

„Гром“ го удри Сакраменто, шампионот падна во Солт Лејк Сити

Пол Џорџ, Расел Вестбрук и Стивен Адамс блескаа во Сакраменто каде Оклахома Тандер славеше во дуелот со Сакраменто Кингс 132:113. Натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата ги обележа поразот на Голден стејт Вориорс од Јута Џез 103:108.

Младите надежи на Кингс, Бади Хилд и Диерон Фокс одиграа на високот ниво, постигнувајќи 38, односни 28 поени и 12 асистенции, но тоа не беше доволно да се порази Оклахома.

Пол Џорџ ги предводеше Тандер со 43 поени, 12 скока и седум асистенции, Расел Вестбрук го забележа 112. трипл-дабл во кариерата (19 поени, 17 асистенции, 11 скока, шест украдени топки), а Стивен Адамс имаше монструозен дабл-дабл од 20 поени и 23 скока.

Тандер се на второто место во Западната конференција со скор од 20 победи и 10 порази, додека Кингс се десетти со 16 победи и 15 порази.

Бранителите на титулата Голден стејт Вориорс, во Солт Лејк Сити го запишаа 11.пораз во сезоната. Јута Џез ги победи Вориорс со 108:103.

Австралиецот Џо Инглс со 18 поени ја предводеше Јута, Донован Мичел постигна поен помалку, а Руди Гобер забележа 17 поени и 11 скока.

Кај Вориорс се истакнаа Кевин Дурент со 32 и Стеф кари со 30 поени.

Лидерот во лигата, Торонто Репторс (24 победи, девет порази), во драматичен меч успеа да извлече победа против Индијана Пејсерс 99:96. Репторс во третиот период заостануваа за 17 поени, но со тројката на Фред Ванвилт на 26 секунди до крајот го комплетираа пресвртот (97:96). Потоа Џег Грин погоди две слободни фрлања, а обидот за три поени на Бојан Богдановиќ не успеа да стигне до кошот на Торонто.

Кавај Ленард постигна 28 поени за Репторс, додека кај Пејсерс се истакнаа Виктор Оладипо со 20 и Бојан Богдановиќ со 18 поени.

Кошаркарите на Хјустон Рокитс на домашен терен ги декласираа Вашингтон Визардс 136:118, поставувајќи рекорд според бројот на постигнати тројки на еден натпревар.

Хјустон на полувреме имаа предност од 12 поени, а во вториот дел ја заголемија разликата и запишаа рутинска победа.

Играчите на Хјустон погодија 26 тројки од 55 обиди што е нов рекорд во НБА лигата.

Џејмс Харден постигна 35 поени (6/11 тројки), а Крис Пол уфрли 21 кош. Кај Визардс се истакна Бредли Бил со 28 поени.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Кливленд Кавалирс 110:99
Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 90:129
Филаделфија ’76 – Њујорк Никс 131:109
Бостон Селтикс – Феникс Санс 103:111
Чикаго Булс – Бруклин Нетс 93:96
Милвоки Бакс – Њу Орлеанс Пеликанс 123:115
Минесота Тимбервулвс – Детроит Пистонс 123:129
Портланд Трејлблејзерс – Мемфис Гризлис 99:92

Треба да знаете
Последни објави