Search

Гром го погодил авионот на ЕР Србија со ватерполистите на Југ и предизвикал паника меѓу патниците

Ватерполистите на Југ  и патниците кои биле во неделниот авионски лет од Белград кон Тиват во Црна Гора преживеале вистинска драма откако леталото било погодено од гром при слетувањето, пишуваат хрватските медиуми. Според зборовите на директорот на ватерполо клубот од Дубровник Огњен Кржиќ непријатните сцени се случлиле во авионот на Ер Србија кој во неделата нешто по 14 часот треба да слета на аеродромот во Тиват.

Делегацијата на Југ се враќала од натпревар во регионалната лига каде играла против Нов Белград, кога леталото влетало во невреме над Тиват и почнало да се тресе. Најдраматичните сцени се случиле како пренесува dubrovniknet.hr, при приземјувањето. Пилотот кружел над аеродромот во Тиват и во моментот кога со тркалата требал да ја ја допре пистата бил погоден од гром што предизвикало паника и старв меѓу патниците.

-Кога пилотот свати дека нема контрола над леталото од пистаа на која речиси се спушти почна да додава гас и да го крева повторно во воздухот. Се керна на некоја височина и повторно почна да кружи над аеродромот, но невермето цело време не тресеше. По половина час страв, наметнат од немирниот лет, турбуленциите и викотниците  повторно почна слетувањето и тогаш пак авиунот беше погоден од гром -вели Кржиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави