Search

ГРОМ бара Заев и Ципрас да објаснат дали е загрозен македонскиот јазик и идентитет

ГРОМ бара Заев и Ципрас да објаснат дали е загрозен македонскиот јазик и идентитет

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски го повика премиерот Заев да го донесе грчкиот колега Алексис Ципрас и заедно да го прочитаат Договорот од Преспа, за да нема двојно читање на договорот во Скопје и Атина.

Според него, само на тој начин граѓаните на Македонија ќе се осигураат дека се признава македонската нација и македонскиот јазик

-Доколку тоа го направат Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе биде јасно дека нема двојно читање на Договорот, дека досега ништо не не лажел. И тогаш ние сериозно ќе ја преиспитаме одлуката дали ќе бојкотираме. Во спротивно, јасно е дека овде во СКопје и секаде надвор не лаже Зоран Заев, а во Атина Алексис Ципрас, рече Јакимовски.

Во спротивно, Јакимовски вели дека власта ќе се соочи со бојкот каков што не можела ниту да претпостави.

На бојкот повика и владиката Агатангел на литургија во велешката црква Св. Кирил и Методиј.

Тој на литургијата на присутните им кажал дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска православна црква.

-Се надевам дека в недела на 30. вие и вашите роднини и нашите непријатели нема да излезат да гласаат, рекол Агатангел на литургијата.

Излегувањето на референдумот го поистоветува со срам за сегашните и идните генерации на оние кои ќе гласаат.

Треба да знаете
Последни објави