Search

Грозни детали од обвинението: Уринираше по мене и ме допираше

Мараја Кери ја тужела поранешната асистентка Лијана Азаријан, која ја уценува со интимни снимки и бара 8 милиони долари за да не ги објави.

Сега Азаријан возвратила со контратужба која ги открива бизарните активности во домот на Кери, една од најпознатите пејачки на планетата.

Азаријан наведува дека во куќата на Мараја била физички злоставувана, а дека пејачката, која знаелa за тоа и “повремено и самата учествувала”, не мрднала со прст за да ја заштити.

Азаријан во тужбата наведува дека поранешната менаџерка на Кери, Стела Булочников, ја тепала, удирала по градите и задникот, ја соборувала на земја, седела на неа и уринирала по неа.

“Најголем дел од злоставувањето се случуваше додека Мараја беше во просторијата, но се правеше дека ништо не забележува”, пишува во обвинението.

Од Мараја, исто така, добила “повеќе удари” во текот на неколкугодишниот ангажман во нејзината куќа.

Поранешната асистентка ја обвинува Булочников за говор на омраза бидејќи ја нарекувала “црнчуга” и “ерменска ку*ва”. Азаријан додава и дека Булочников често го “исмејувала нејзиниот физички изглед”, односно големите ради, и се обидувала под дојката да и стави разни предмети како што се мобилни телефони, далечински управувачи и кујнски алатки.

Треба да знаете
Последни објави