Search

Грозданова од трибината Агенда Здравство 20-24: Опфатот на имунизација го зголемивме на 99,5 отсто, се врати довербата на родителите во здравствените политики

За 6 месеци сузбивме епидемија, опфатот на имунизација го подигнавме на 99,5 отсто, беше заклучено на денешната трибина Агенда 20-24 во Куманово. Проф. д-р Александра Грозданова на Фармацевтски факултет на УКИМ , истакна дека во 2013 – 2014 бил забележан тренд на паѓање на опфатот на имунизација, а како што рече, Република Северна Македонија секогаш имала висок опфат на имунизација претходно.

“Ние детектиравме генерална недоверба на родителите во здравствените политики. Кога ќе ги прашавме зошто не ги вакцинирате вашите деца, тие ни одговараа, “па знаете не знаеме каков е квалитетот на вакцините, како се носат, како се увезени”.

Грозданова истакна дека токму во тој дел Министерството за здравство направило сериозен чекор кон градење на довербата кај граѓаните, преку транспаретна постапка и во набавката на вакцините кога родителите беа информирани од каде се набавуваат и дека се квалитетни.

Грозданова додаде дека се воведоа и две нови вакцини, против рота вирусот и пневмококната вакцина кои влегуваат во редовниот календар до 1 година.

Донесовме вакцини со европски квалитет и работевме сериозно на едукација бидејќи утврдивме дека навистина недостига.

Грозданова тврди дека приоритет е градење на довербата во процесот имунизација на што посветено се работи преку пунктови кои редовно се отворени за одговори на сите прашања и дилеми кај родителите.

Треба да знаете
Последни објави