Search

Гринвуд е ослободен од сите обвиненија за силување, се чека одлуката на Јунајтед

Големиот англиски талент, Мејсон Гринвуд повторно е слободен човек и тоа откако сите обвиненија за силување и напад беа отфрлени од страна на кралското обвинителство.

Од обвинителството порачаа дека клучните сведоци како и новиот материјал биле доволни да се запре овој случај, одлука која била соопштена, објаснета до сите страни.

Ова значи дека Гринвуд сега е чист човек, па откако беше донесена одлуката тој даде и краток коментар.

-Многу ми е полесно што оваа работа конечно заврши и би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, најблиските и пријателите за нивната поддршка. Во овој момент нема да има дополнителни коментари, -порача офанзивецот во својата изјава.

Инаку младиот играч на Јунајтед последниот меч го одигра на 22 јануари 2022 година и неколку денови подоцна беше уапсен. Манчестер Јунајтед веднаш го исфрли од тимот, а потоа, кога Гринвуд беше пуштен со кауција, одби да му ја даде својата тренинг база.

Со соопштение се огласи и неговиот клуб Манчестер Јунајтед кој порача дека дополнително ќе го разгледува случајот со 21-годишниот Англичанец.

Манчестер јунајтед ја прими одлуката дека сите обвинувања против Мејсон Гринвуд се отфрлени. Клубот сега ќе спроведе свој процес пред да ги одреди своите следни чекори. Нема да даваме понатамошни коментари додека процесот не е комплетиран, -стои во соопштението.

Инаку Мејсон има активен договор со премиерлигашот до 30 јуни 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави